Тренд забележан на црвениот килим во Кан? Смело и гордо да ја носите седата коса како славните актерки Енди Мекдауел, Џоди Фостер и Хелен Мирен. Пандемискиот животен стил ни го донесе трендот на нефарбање на косата, што резултираше со враќање на природниот стил и прифаѓањето на процесот на белеење на косата.
Актерката Енди Мекдауел во Кан се појави на неколку настани со пуштена и со фатена коса која е веќе проседена. Мекдауел иако е заштитно лице на рекламата за боја за коса на L’oreal, признава дека за време на пандемијата на Ковид-19 престанала да се фарба и едноставно ја прифатила својата седа коса. Актерката Хелен Мирен има сосема беа коса, а Џоди Фостер има пепеласто сиви прамени.
Нема коментари