Уште една легендарна модна куќа планира повторно да ги отвори вратите и да почне со работа. По децениското успешно работење на „Шанел“, „Баленсијага“, „Диор“, „Жинанши“, и во последниве години „Вионе“ и „Скјапарели“, уште една модна куќа основана од великан во модата се враќа на сцената. Се работи за Поп Поаре, заборавениот крал на модата и пионер на модерната женска облека. Своето ателје Поаре го отвора во 1903 година во Париз, а во 20-тите веќе доминира светот на модата. Ја ослободува жената од корсети и го промовира концептот на личен стил. Креациите на Поаре биле иновативни, поинакви и претставувале симбиоза на модата и уметноста. Театрален во изразот, Поаре понуди нова силуета за жената и беше познат по кимоно-палтата, туниките и креациите инспирирани од ориенталните широки панталони. Сега модната куќа на Пол Поаре ја купи корејската модна и козметичка групација Shinsegae International која со години сработува со „Живанши“, „Селин“, Brunello Cucinelli и Monclerom. Харолд Чои, претстедател на групацијата, вели дека е пресреќен што повторно ќе го лансираат славниот бренд на дизајнерот кој доминираше со модата во 20-тите години од минатиот век. (К.Т.)
Нема коментари