Светски познатиот бренд на козметика MAC ја отвора својата прва продавница во Македонија. Омилената шминка на нашите професионални шминкери и на многу Македонки сега ќе можe да се купи и во Скопје, во продавницата сместена во „Скопје сити мол“. Отворањето е закажано за утре, 15 јуни, во 10 часот, а веднаш потоа следат награди за првите 200 купувачи.
Поточно, првите 200 купувачи на подарок ќе го добијат легендарниот Retro Matte кармин.
MAC козметиката за првпат доаѓа на македонскиот пазар и конечно сите ќе можат да уживаат во еден од најголемите светски make up брендови на денешницата. Во продавницата во Скопје City Mall ќе може да се најдат легендарни производи како MAC Retro Matte Teddy и MAC Retro Matte Ruby Woo кармините, MAC Mineralize Skinfinish Soft & Gentle хајлајтер и многу други, но и врвни лимитирани колекции кои секој месец ќе влегуваат во Македонија.
На утрешното отворање во продавницата на MAC ќе бидат присутни неколку вешти шминкери кои ќе ги упатат купувачите во новите трендови и тајните на производите.
Нема коментари