Уникатни креации од сребро, дрво, бетон, глина, порцелан, кожа, текстил, стакло, коноп и метал извајани на иновативен начин, користејќи традиционални, но и нови техники, се изложени на првото издание на Саемот за накит и модни додатоци, „НАКИТ 2016“, што од петокот до денеска се одржува во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. Посетителите може да ги пoгледнат дизајните на македонските креативци Александра Шекутковска со URB CLV, Биби Клекачкоска со BIP ART, Јасмина Главинче, Марта Пејоска, Нина Нинеска со MODULAR, Јана Ацевска со KAPKA Jewelry и Александар Пешевски со MIGHTY JEWELRY, како и несекојдневните и интересни модели на гостите од Бугарија: Виктор Павлов, Атанас Костантинов со ARTEFAKTI, Симеон Шомов, Зора Романска, Катерина Сербезова со SERENDIPITY, Ангелина Цветкова и дизајнерите од Србија: CURLY LAB, GULCH, Студио Глина, REdesign21, JtDot и BOWTIE wooden style. На програмата на саемот, кој е во организација на Јавна соба и „KAPKA Jewelry“, има предавања, работилници за деца, како и забава со познати диџеи. Настанот завршува денеска во 18 часот. Ви претставуваме дел од атмосферата во „Јавна соба“.
Фото: Stylist.mk

Јана Ацевска, која стои зад брендот „Капка“ е една од организаторките на саемот

Ацевска се претстави со колекцијата „РEфлексии“

Новата колекција на Марта Пејоска е инспирирана од архитектурата

Колекцијата накит на Пејоска е произлезена од нејзината дипломска работа на Архитектонскиот факултет

Марта Пејоска

Биби Клекачкоска која стои зад BIP ART

Дизајн на Биби Клекачкоска

Креации на Јасмина Главинче

Ангелина Цветкова од Бугарија

Накит налик на чипка изработен од сребро од Ангелина Цветкова

Минијатурите на Симо Шомов од Бугарија ги одушевија гостите

Симеон Шомов

Во деталите се крие уметност, Симеон Шомов

Виктор Павлов претстави разгиран накит од сребро

Виктор Павлов

Архитектката Катерина Сербезова (SERENDIPITY) од Софија се претстави со современ накиот од бетон и дрво

SERENDIPITY

SERENDIPITY

GULCH

Керамички накит од GULCH

Богат избор од материјали, форми и приказни на штандот на REdesign21 од Србија

REdesign21

REdesign21

Rope

Студио Глина

Зора Романска од Софија со препознатливите парчиња накиот од кожа

Зора Романска

Дрвени машни – пеперутки и трегери од BOWTIE wooden style

BOWTIE wooden style

BOWTIE wooden style

Од куферот на JtDot излегоа уникатни парчиња
Нема коментари