Автентичните креации на повеќе од 20 домашни креативци -учесници на Есенскиот базар викендов привлекоа голем интерес меѓу посетителите во Skopje City Mall. На штандот поставен на влезот од трговскиот центар можеа да се погледнати набават најновите традиционални и современи дизајни, како филигран и модерен накит, рачно изработени чанти и чевли, дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, уметнички слики, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. Меѓу учесниците беа имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls – amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.
Преку фотографиите на Томислав Георгиев во прилог ви ја пренесуваме одличната атмосфера и непосредна интеракција меѓу уметниците и посетителите на 18-те дискретно декорирани штандови во знакот на есента, кои пак самите автори ги дообоија со своите уметнички дела.
Нема коментари