Подолго време се шират гласини за претставување на нова верзија на Vogue наменета за арапскиот пазар, Condé Nast, издавачот на Vogue, официјално објави дека наскоро се ласнира Vogue Arabia. За почеток, во септември се отвора онлајн-магазин, а печатената верзија се очекува за пролет 2017 година. Ова ќе биде 22-ро издание на Vogue, ќе делува од Дубаи, и ќе го покрива Блискиот Исток.
За уредничка е поставена Дина Абдулазиз, модна икона, принцеза од Саудиска Арабија и претприемничка, која во модниот свет важи за една од најдобро облечените жени во светот. „Арапскиот свет брои 250 милиони луѓе, и никогаш немал своја верзија на Vogue. Дојде времето за Vogue Arabia, а беше потребно долго време“, изјави Абдулазис за Financial Times.
Нејзиното влијание, визија, и енциклопедиско познавање на модата ќе ја обликува содржината на Vogue Arabia и ќе го постави тонот за перспективата на публикацијата и културните димензии за годините што доаѓаат. Дина е сопственичка на ексклузивните бутици D’Na во Ријад и Доха, кои функционираат на база на членство, како и на онлајн-бутик. Како ќерка на економист пораснала во Њујорк, што допринело за мешање на западната и источната естетика што се забележува и во нејзиниот личен стил и во работењето на нејзините бутици.
Vogue Arabia ќе излегува во соработка со издавачката куќа Nervora, која сега стои зад style.com/аrabia, а ќе биде двојазична публикација – онлајн и печатеното издание ќе излегуваат на англиски и арапски јазик.
Повеќе за стилот на Дина Абдулазиз на овој ЛИНК.
Нема коментари