Американската фотографка Џенифер Ван Елк и нејзиниот сопруг Стивен со години се обожаватели на филмовите на Вес Андерсон, па не е чудно што во 2013 година доби идеја да фотографираа замислена свадба во стилот на естетиката на режисерот. Свадбената фотосесија на тема Вес Андерсон повторно се актуелизира деновиве благодарение на репортерка на BuzzFeed која ја објави приказната на сајтот. Фотосесијата е направена во Колумбус, во американската држава Индијана, земени се референци од повеќе филмови, но сепак најмногу преовладува влијанието на The Royal Tenаnbaums. “Што се однесува до кинематографијата во филмовите на Андерсон, ми се допаѓа симетријата и неконвенционалната композиција на љубовните сцени. Лично мене најголема инспирација ми се главните ликови од неговите филмови“, вели Џенифер, која за оваа фотосесија наместо модели ангажираше актери.
Во однос на естетиката на Вес Андерсон, таа е инспирација и на неодамнешниот конкурс за најдобра фотографија во стилот на неговите филмови, кој што е отворен до 10 мај. Повеќе за конкурсот на овој линк.
Нема коментари