Откако дизајнира неколку колекции на чевли и на накит, како и линија со неколку верзии на мал црн фустан, Сара Џесика Паркер подготви и нова празнична колекција на чевли како создадени за танцување на престојните празнични забави. Колекцијата е направена во соработка со луксузната онлајн продавница Net-A-Porter, а чевлите со почетна цена од 355 долари од вчера веќе почнаа да се продаваат.
Колекцијата на Сара Џесика Паркер содржи 16 модели – салонки, рамни чевли и мери-џејн модели, направени во интензивни и металик бои, од сатен и со атрактивни детали како машнички, ремчиња и токи со кристали.
Актерката сними и видео за Net-A-Porter во кое раскринкува неколку митови во врска со нејзиниот стил, и признава дека всушност не купува и не поседува многу чевли, туку едноставно досега има позајмено илјадници чевли за разни настани. И вели дека дома нема толку голем гардеробер како оној на Кери Бредшоу од филмовите „Сексот и градот“.
Нема коментари