Малиот црн фустан можеби не е асоцијација за смелиот и колоритен стил на познатата актерка и трендесерка Сара Џесика Паркер, но сигурно повеќето би сакале да видат каков модел таа би носела. Иако, благодарение на серијата „Сексот и градот“ се етаблира како жена со некласичен моден вкус, богат со принтови, бои и необични кроеви, актерката одлучи да изненади со мини колекција со класични црни фустани. Линијата ја најави на својот профил на Инстаграм, со кратко видео во кое таа носи еден од моделите. Кројот е во стилот од 50-тите, со широко здолниште и тесен горен дел, кој во формата е приближно до нејзниот препознатлив стил. Линијата ќе се најде во продажба наредниот месец во Bloomingdale. Сара Џесика Паркер е позната по уникатните стајлинзи со креации од познати дизајнерски имиња, а и се проба и како дизајнерка. Зад себе има повеќе соработки, како и линија на чевли. Сара Џесика Паркер често се појавува во мал црн фустан, но со некласична форма. Во очекување на промоцијата на нејзините дизајни, ви претставуваме селекција од неколку нејзини одлични изданија во црн фустан.
Нема коментари