Време е да се опуштиме и да дозволиме од нас да зрачи женствената, хипнотичка и непокорлива енергија! Време е за гламур, забава и лудување! Време е за нас!
Во кратки црти, тоа е мотото на овој моден едиторијал во кој главна улога имаат македонските актерки Сара Климоска, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска.
Младите талентирани актерки се познати лица на македонската филмска и театарска сцена, со голем број на признанија за нивните актерски достигнувања. Но во овој хибриден едиторијал ги гледаме во едно поинакво светло: впечатливи, опуштени и свои, додека се забавуваат на вечерно излегување во градот, од Tree, до клубот Станица 26.
Облечени во парчиња од новата колекција на луксузниот италијански бренд Patrizia Pepe, овие млади дами ни претставија како изгледа една вистинска вечер со нив. Почуствувајте ја атмосферата и уживајте во овие неповторливи модни моменти со Patrizia Pepe!
Нема коментари