По успехот на чевлите, парфемот и црните фустани со нејзин потпис, актерката и трендсетерка Сара Џесика Паркер лансира и линија чанти. Колекцијата е наречена The Seven Essentials и содржи седум есенцијални или базични модели, што секоја жена треба да ги има. Шест од моделите може да се носат во сите прилики во текот на целата недела, а има и една вечерна чантичка. Застапени се кожени чанти за на рака и на рамо во црна, сива, корално-портокалова и розова боја. Речиси сите би биле одобрени од Кери Бредшо-ликот што Сара Џесика Паркер го игра во култната серија „Сексот и градот“. Чантите се произведени во САД, а ќе чинат помеѓу 395 и 695 долари.
Нема коментари