„Сара фешн“ ви ја претставува новата колекција костими за капење „Sara Fashion Swimwear“ под мотото „Let’s make summer memories together“ или „Да создаваме летни спомени заедно“. Колекцијата изобилува со различни оригинални модели на костими за капење во кои лесно ќе се пронајде секоја девојка/жена. Велат дека секое лето е исто, она што го прави различно се спомените што сами ги создаваме. Од „Сара фешн“ со оваа колекција сакаат да истакнат дека ова лето ќе биде посебно бидејќи заедно ќе се испишуваат овие летни спомени.
Самата колекција е поделена на неколку категории: Boho, Desert Sand, Tropical, Pink wax и Virtual, и токму во тоа се гледаат шареноликоста и убавината на оваа колекција, со која ова лето ќе се испишуваат нови летни спомени…
Boho делот од колекцијата се карактеризира со модели на костими за капење за оние со слободен дух, како и за оние што се воодушевуваат од природата. Со пренесувањето на такви природни мотиви на самите модели се става акцент на органските елементи од природата, совршено вклопени со мешањето на разни култури.
Desert sand е дел од колекцијата што е инспириран од боите и контурите на песочните дини во пустините. Варијации на боите на пустината се пресликани на секој од моделите на костимите за капење во овој сегмент од колекцијата.
Tropical, како што кажува самото име, е инспириран од тропските мотиви, кои стилизирано се пренесени на секој модел од овој дел од колекцијата. Почувствувајте го во секој момент од ова лето тропскиот импулс што го носат овие модели на костими за капење и направете го ова лето незаборавно.
Pink wax моделите од колекцијата се тренди, модерни и шик костими за капење, идеални за младите девојки што сакаат да ја освојат секоја плажа ова лето.
Virtual сегментот е полн со елегантни модели со кои ќе го завршите прекрасниот летен ден со незаборавно зајдисонце и со истиот костим за капење и соодветен аксесоар ќе се појавите на вечера во некој ресторан на плажа.
Оваа колекција изобилува со костими за капење во сите големини, женски со големи величини (плус сајз), машки костими за капење, детски, но и детски со омилените препознатливи ликови од „Ворнер Брос“. Секој член на семејството може да си одбере свој модел на костим за капење за незаборавно лето.
Фотосесијата, предводена од Ани и Дими, е реализирана во Дубаи, каде што прекрасните модели на костимите за капење беа прикажани на препознатливи локации од оваа посакувана дестинација.
Новата колекција може да ја пронајдете во продажните места на „Сара фешн“ и онлајн на www.sarafashion.club.
Нема коментари