Откако докажа дека покрај тоа што има истенчен вкус за облекување има осет и за дизајнирање , актерката и стилска икона Сара Џесика Паркер креира луксузен брош. По лансирањето на својата прва колекција на чевли, инспирирани од серијата „Сексот и градот“, таа прави чекор напред дизајнирајќи брош за брендот Cindy Chao.
Кинеската дизајнерка на накит Синди Чао ја ангажира Паркер да го осмисли главниот модел од колекцијата Black Label Masterpiece Butterfly. Таа направи брош кој изгледа како хибрид од пеперутка и балерина. Идејата за ова соработка се развила од 2011 година, кога дизајнерката и актерката се запознале на изложба на накит во Пекинг. Чао изјави дека нема пракса да работи во тандем на своите колекции, но со Сара Џесика одлично се разбирала уште од почетокот, и покрај тоа што тие имаат различни есестки гледишта.
-Сара Џесика е изразено женствена, а јас, од друга страна, преферирам строг минимализам. Морав да направам стотици скици само да бидам сигурна дека овој брош веродостојно ќе го престави мојот бренд и нејзината љубови фасцинацијата од балетот-изјави Чао.
Нема коментари