Македонската манекенка Сандра Цветкова веќе подолг период престојува во Лондон и како дел од модната агенција BMA Models добива разни ангажмани. Неодамна ја сними рекламата за светски познатиот газиран пијалок 7 up, а деновиве е актуелна со најновиот едиторијал за реномираниот британски магазин WEDDING IDEAS, сцепијализиран за венчавки и свадбена мода.
„Цветкова веќе пет години работи како модел и навистина е една од ретките која знае за професионалност и одговорност“, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.
„Сигурни сме дека Сандра одлично работи интернационално и нејзините успеси го докажуваат она што и ние го знаевме, дека покрај нејзината убавина и шармантната насмевка, Цветкова има храброст и доследност во нејзината работа. Искрено посакуваме вакви модели да нè претставуваат во светот“, вели Алек Наумовски, косопственик на Моделс Ин.
Нема коментари