Во летните денови хидратацијата на кожата е исклучително важна и дерматолозите препорачуваат често освежување на кожата на лицето со термална вода која може да ја најдете во понудата на повеќето козметички компании како на пример Vichy и Bioderma. Но, може и сами да подготвите спреј кој ќе ја освежи, но и нахрани вашата кожа. Може да го користите за лицето, но и за телото. Особено пријатно делува после сончањето на кожата.
Потребни состојки:
• 2 дл дестилирана вода
• 1 лажица сок од лимета
• 1 лажица алое вера
• 1 краставица
• 1 лажица свежо насечкано нане
Излупете ја краставица и исечете ја на парчиња. Ставете ја во блендер заедно со нането, сокот од лимета, алое верата и добро измешајте го состојките. Додадете ја водата и добро блендајте додека не добиете изедначена смеса. Земете стелирална газа и исцедете ја течноста. Ставете во шише со распрскувач и користете го погдотвениот спреј за освежување на кожата.
Нема коментари