Едно обично парче ткаенина во вашата омилена боја и скроено како инфинити-марама може да послужи како база за креирање неколку дневни и вечерни стајлинзи кои може да ги извежбате со помош на овој туторијал на Сара Левенсон Јоновер. Сè што ви е потребно е еден метар лесен и растеглив материјал, како на пример памучно жерсе споено на краевите, неколку ластичиња и неколкуминутно вежбање со ова видео. Многу брзо може да научите како да направите маица, краток топ, шал, парео, наметка или фустан со помош на само е дна растеглива ткаенина.
Нема коментари