Најдолгиот и најстуден месец, јануари, често знае да донесе монотонија и заситеност во модните комбинации. Со почетокот на Новата година потребни се нови, свежи идеи за разигрување на модниот стил. Најдобро се стартува со избор на ведри бои и со нови начини на спојување на различните парчиња во еден стајлинг. Плетивата, особено џемперите, кои се неопходност во студениот период, покрај топлината може да донесат и трансформација и нова возбуда во имиџот.
Потребно е да направите мали интервенции во начинот на комбинирање, носење, а доколку планирате да набавите нов модел, тоа нека биде во некоја впечатлива боја, која несоменно ќе му донесе нов живот на вашиот зимски иглед. Еднобојните џемпери заменете ги со неколкубојни, виножито модели. Пастелните нијанси нека дојдат на местото на темните бои, а неонските тонови, нека станат секојдневие во вашиот изглед.
Џемперот не е наменет само да се носи традиционално врз кошула, во линија на појасот со панталони и здолниште. Оваа зима може да го носите врз вашиот омилен цветен фустан, врз долга кошула која ќе се надзира, врз нежно здолниште од тул, свила, или тантела, карнери, кои се во молив форма, во стилот на 50-тите, асиметрични, на преклоп или во плисе. Одлично се комбинира со кожени панталони и здолниште, или со актуелните креации од ПВЦ материјал. Недоливо добро стои со џинс, како и со карирани здолништа. Во не толку студените денови може да биде и горно парче облека, врз друг џемпер.
Блогерките пробаа и други смели комбинации, во кои џемперот е долно парче облека, со целосни фармерки, со марама врз нив, фустан на прерамки и кошула. Дел одново покажаа интерени идеи како да се избегне класичното носење, ставајќи го џемперот во панталони или во здолништето.
Минатата година доста актуелните џемпери со карнери сè уште се носат, како и моделите со нагласени ракави. Годинава пак се актуелни долгите масивни модели со дебела плетка, како и дизјаните со разни додатоци како светки, бисери, натписи, со реси, топчиња, па дури и распарани на места… Има уште многу трикови што може да ги примените. Ви претставуваме нови идеи како со ова топло парче облека ќе го совежите изгледот овој јануари.
*Не е дозволено пренесување на содржината на
www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари