Минатогодишниот пролетен и летен тренд на романтични фустани, кошули, здолништа и панталони со точки продолжува и оваа сезона. Но, овој пат романтичните верзии се заменети со впечатливи нијанси, големи димензии и со смели комбинации. Точките се во различна големина и боја, а се среќаваат буквално на секоја површина, секој материјал па дури и на џинсот, кожените модели и на модните додатоци: чантите, чевлите и накитот.
Најинтересни се комбинациите на две или повеќе модели со точки. Сепак, и во смелите модни спојки треба да има некоја хармонија, поврзност по боја или стил. Па така, изберете блуза или кошула во базична боја, како бела или црна со ситни точки, во комбинација со смело здолниште кои оже да биде во впечатлива нијанса и големи точки. Или пак, спојте блуза со балон ракави со нагласени црни точки, со здолниште во молив крој.
Точките доминираат и во пролетните колекции на омилените хајстрит брендови. Во нивните лукбукови понудија интересни решенија како да го носите овој тренд. Ви преставуваме дел од поинтересните миксови на инфлуенсерките „уловени“ на улиците на големите модни центри.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари