Едно од најрециклираните и најносени модни парчиња во ормарот на секоја жена е деловното палто. Иако е инспирирано од класичното машко сако, женската варијанта на овој модел е неколку чекори понапред, со поусовршени дизајн и материјал, поголема функционалност и можност за комбинирање. Важи за основа во комбинациите за стандарден изглед за во канцеларија, но и една од најпрактичите креации за кежуал варијантите. Оваа сезона на повеќеслојно облекување, каде се мешаат повеќе стилови и се прави целина од навидум неспоиви парчиња, сакото наоѓа честа примена. Се носи над џемпери, под капути, во интересен спој со друга јакна и со неизбежниот џинс (фармерки, здолништа, кошули). Се микса со парчиња од спортска облека (блузони, дуксери или тренерки) или со романтични лежерни бохо здолништа или фустани. Комбинирајте со долги широки панталони или здолништа, или миди варијанта, со патики или чизми до глужд. Обувките се важен дел во правење кежуал баланс со класичните палта. Колку понеконвенционални се обувките, толку се намалува строгоста на сакото. Ви претставуваме неколку паметни кежуал комбинации со деловно палто што може да ги носите овој март.
Нема коментари