Не мора да чекате да се стемни или некој свечен повод, во овој предновогодишен период носете ги моделите со светки и преку ден. Доколку дрескодот на вашето работно место тоа го дозволува, изберете моден додаток или едно блескаво парче (палто, марама, блуза, или здолниште) и вметнете го во секојдневниот изглед во текот на работната недела. За време на викендите можете повеќе да експериментирате во дневните комбинации, со миксање на неколку светкави креации. Тие дополнително ќе го разиграат вашиот есенски имиџ, а ќе го живнат сивилото во претојните студени зимски денови.
Креациите со светкава мониста, металик сјај или со бисерни, кристални додатоци и т.н. шљокици, доминираат во новите линии за есен-зима 2017 на популарните high street брендови. Иако повеќето се дополнување и подготовка за божиќните и Новогодишни празници, сепак, тоа не значи дека не може да ги носите и преку ден. Напротив,стилистите и модните инфлуенсери нудат многу интересни решенија за примена преку ден, и докажуваат дека овие модели не се наменети само за свечености и вечерни излегувања. Може да изберете светкави чанти, патики или чизми, во игра се палтата, елеците и мантилите, а секако најносени се фустаните и блузите. Во продолжение е избор од интересни комбинации со светки водневна варијанта.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари