По долгите цветните фустани и моделите на преклоп, ѕвонестите ногавици, чорапа-чизмите, кратките бунди, кадифените палта, ролките и масивните обетки, во мода се враќа уште едно парче кое се носеше во 70-тите – сомотските панталони со висок струк. Стилскиот камбек на овој модел почна со упешната колекција на Céline како и тие на „Прада“ и на Марк Џејкобс, кои брзо беа прифатени и во уличната мода, меѓу инфлуенсерките.
Овој бран го прифатија и омилените high street брендови, кои промовираа свои видувања на моделот, со разна дебелина на материјалт, со порапава или помазна површина, со копчиња место патент, долги и широки, ѕвонести, тесни, во машки крој, како и доста носените – со широки ногавици до глужд. Покрај веќе препознатливите розови сомотски панталони на „Баленсијага“, по улиците на големите модни центри може да се забележи широка платена на топли есенски тонови како жолти, портокалови, зелени, кафени и крем, пастелни нијанси на сина и виолетова, како и потемни зимски варијанти-темноцрвена, темносина, темнозелена и црна.
Најчесто се носат во комплет со палто од ист материјал, но и одлично одговараат со џинс-јакна, бомбер модел со принт, со капут во некоја впелачвива боја, бунда со вештачко крзно и друго. Се комбинира со свилени блузи со цветен принт, ретро кошули со пантелка на вратот и широки ракави, со ролка или пак со фустан на прерамки. Добро стои со сиво карирано палто, со масивен џемпер или плетена ролка. Може да се носи на работа, на состанок, на ручек, но и во кежуал варијанти. Дел од брендовите направија и посвечена верзија, со потенок сомот за ноќни излегувања и за новогодишните празници. Во продолжение се неколку идеи од уличната мода како да ги комбинирате сомотските панталони оваа сезона .
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари