Познатата британската шминкерка Лиса Елдриџ на својот You Tube канал објави туторијал за есенска шминка во виолетови тонови на слива и модар патлиџан. Кармините и сјаевите во бордо-нијанса и боја на вино и слива се актулени веќе неколку сезони, а темно обоените усни во палета од светло неонско до темно виолетова боја се голем тренд. Елдриџ предлага токму такви усни, но со помал интензитет на боја, со што ќе постигнете модерен дневен изглед. Шминкерката користи темно виолетова сенка и ајлајнер во бакарна боја и тенок слој на кармин во боја на слива, а ладните тонови на усните и очите ги омекнува со руменило во топла розова боја со бронзен сјај.
Нема коментари