Поради големиот број на обврски на работното место често немате време да појдете на пристоен појадок. Веројатно, и да имате време, во близина на вашите канцеларија нема каде да набавите здрав оброк. Заради тоа, грижејќи се за добрата линија, избирате да го прескокнете овој значаен оброк или се помирувате со едноврстна или нездрава храна.
Храната не е само „гориво“ што ги одржува во „погон“ умот и телото, туку е значаен фактор во одржувањето на здравјето. Но, може да имате контрола на квалитетот на оброкот доколку сами си го подготвите, а еден од најпрактичните начини е да го пренесeте оброкот се теглите. Ова е генијално решение за тие што преферираат здрава исхрана, богата со зеленчук. Кога теглите традиционално ги користиме за складирање зимница, зошто да не ги користиме и како пакување во кое ќе си го носиме свежиот појадок.
Салатите во тегли се актуелни на запад веќе неколку години. Во теглата зеленчукот останува свеж и не се нарушува неговата форма / вкус. Еве неколку идеи за пакување на неколку типа салати.
Капресе салата
Грчка салата
Салата со наут
Листата на идеи може да оди до бесконечност. Можете да ја направите својата омилена салата, со количина колку што вам ви одговара. Сè што ви треба е една поголема тегла со функционално капаче. При редењето на состојките дресингот и потешките парчиња (краставица, компир, морков, месо, печурки, пченка …) ставете ги први, а потоа покревките парчиња, зелка зелена салата, домати…Не претерувајте со додатоци и зачини, можете да ги нанесете предјадење. Салатат во тегла е практична и за на излети или за на патувања. (А.Н.)
Салата со печурки
Мимоза салата
Нема коментари