Актерката Џенифер Анистон додека ја снимала серијата „Пријатели“, секоја ден јадела салата на база булгур, краставици и наут, свежа и крцкава салата содржи здрави протеини и јаглехидрати, здрава е и заситува, па може да замени еден оброк. Рецептот за салатата во моментов е вирален, ако во последно време се движите низ социјалните мрежи, можеби сте налетале на таканаречениот тренд „салатата на Џенифер Анистон“, кој го презеде TikTok, собирајќи милиони „лајкови“. Па еве го рецептот.
Состојки за 4 порции
- 2,5 шолји булгур (може да употребите и киноа)
- 1 голема сецкана краставица
- 1/2 црвен кромид, исечкан на коцки
- 1 конзерва од 400 гр наут, исплакнат и исцеден
- мала китка цескан магдонос
- мала китка сецкано нане
- 1/4 чаша сецкани ф’стаци
- Фета сирење
Состојките се соединуваат во голем сад и се зачинува со сол, бибер, маслиново масло и лимон по вкус.
Нема коментари