Модниот сајт The Coveteur лансиран во 2011 година стана главното интернетско место за откривање и прегледување на гардероберите и домовите на познатите стилисти, уредници, дизајнери, модели и на клучните ликови во модната индустрија, и во последните пет години сајтот акумулираше илјадници фотографии и преку 1000 приказни преку кои добивме претстава за нивниот личен стил. Стефани Марк и Џејк Розенберг, основачите на The Coveteur, сега најавуваат книга во која се сместени стории за 43 модни протагонисти, меѓу кои се Тави Гевинсон, Карли Клос, Елена Перминова, Синди Крафорд, Кристијан Лубутан и Томи Хилфигер. Книгата е наречена The Coveteur: Private Spaces, Personal Style, следниот месец излегува од печат, а доколку има интерес издавачите најавуваат нови продолженија со фотографии за личниот стил на ликовите од модата.
Нема коментари