Модната куќа „Сен Лоран“ ја претстави рекламната кампања за машката колекција за есен-зима 2020/ 21, во која како зашитно лице го ангажира познатиот музичар Лени Кравиц.
Музичката икона Кравиц позира во комбинации на францускиот бренд од тесни фармерки, кошула со животински принт, сако и чизмички до глужд, кои ја следат естетиката на машката мода на „Сен Лоран“, но и стилот на Кравиц.
Фотографиите се на Дејвид Симс, а кампањата е направена под креативнто водство на дизајнерот на „Сен Лоран“, Ентони Вакарело.
Кравиц често носи креации на „Сен Лоран“, но за прв пат снима кампања за брендот. Но со брендот соработува и неговата ќерка Зое Кравиц, која веќе се има појавено во кампањи на оваа модна куќа.
Нема коментари