Деновиве на социјалните мрежи се појавија безброј предизвици за споделување мотивациски пораки, фотографии и што уште не, ама се чини дека ова е најважниот – #SafeHandsChallege. Предизвикот на „безбедни раце“ го иницира Светската здравствена организација и е промовиран од Обединетите нации, и има за цел да ја едуцира јавноста за најдобрите практики за миење раце. Неколку познати личности, како Селена Гомез, учествуваа во предизвикот.
Предизвикот на безбедни раце, кој на социјалните медиуми ќе го најдете под #SafeHands и #SafeHandsChallenge, е вирален предизвик насочен кон јавното здравје, едукацијата на луѓето од целиот свет за најдобрите практики за миење на рацете. Од учесниците во предизвикот се бара да снимаат специфично видео, да го објават на социјалните медиуми и да номинираат уште три лица да учествуваат во предизвикот по нив.
Кој започна со предизвикот „Безбедни раце“?
Предизвикот е идеја на експертите за јавно здравје при Светската здравствена организација (СЗО). Обединетите нации споделија видео во кое го објаснија предизвикот и така започна на 13 март. Во видеото, генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреизус, нè прошета низ соодветната техника за миење на рацете – веројатно најклучното нешто во одбраната против ширење на коронавирусот.
-Постојат неколку практични мерки што можете да ги преземете за да се заштитите од новиот коронавирус“, објаснува Геберизус во видеото. „Една од најважните е редовна, безбедна и ефикасна хигиена на рацете со користење на сапун и вода или триење на рацете базирана на алкохол.
Како учествувате во предизвикот?
Не мора да чекате некој да ве „номинира“ ако сакате да се вклучите во овој вирален тренд. За да учествувате, снимајте видео од себе, кое демонстрира соодветни техники за миење на рацете и објавете го на социјалните медиуми. Ако одлучите да учествувате, не заборавајте да ги следите сите чекори наведени во видеото на СЗО и да ги измиете рацете цели 40 секунди, како што се препорачува.
Еве ги чекорите за миење раце на СЗО, но не заборавајте да го гледате видеото за визуелни инструкции, ако некој од чекорите нема смисла.
1. Навлажнете ги рацете со вода, но потоа исклучете ја славината додека не дојде време да се исплакнете за да заштедите вода
2. Нанесете доволно сапун за да ги покриете сите површини на рацете
3. Тријте ги дланките една од друга
4.Со десната дланка тријте ја левата рака и делот меѓу прстите, потоа обратно
5. Тријте ги дланките меѓу себе со испреплетени прсти
6. Мијте го задниот дел од прстите на едната рака со спротиваната дланка и обратно
7. Практикувајте ротационо триење на левиот и десниот палец
8. Правете ротационо триење со затегнати прсти
9. Исплакнете ги рацете со вода
10. Темелно исушете го со крпа
11. Користете ја крпата за да ја исклучите чешмата
Кои познати личности учествуваа во предизвикот „Безбедни раце“?
Селена Гомез учествуваше во предизвикот и видеото како мие раце го сподели на нејзините 171 милиони следбеници на Инстаграм. Пејачката, која беше номинирана од Аријана Хафингтон за да учествува во предизвикот, ги повика Карди Б, Џиџи Хадид и Оливија Вајлд да го преземат следниот предизвик.
View this post on Instagram
Thank you @selenagomez for allowing me to show off my fake doctor hygiene training! I nominate @margaretqualley, @florencepugh, and @dakotajohnson . SHOW US YOUR MOVES. #stayhealthy A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde) on
Нема коментари