По четврти пат, почнувајќи од утре до 16 март во хотелот „Александар палас“- Скопје, ќе се одржи саем за венчавки, во организација на магазинот „Во бело”. Со коктел, модна ревија, на која ќе се претстават најдобрите венчаници и машки костуми и настап на пејачот Александар Белов во петок во 20 часот ќе се означи свеченото отвoрање на саемот за венчавки, а следните два дена, 15 и 16 март се отворени за посетители од 09 до 20часот. На саемот ќе има повеќе од 40 изложувачи од различни области, а кои би им помогнале на младенците во организацијата на нивната венчавка.
Ќе можат да се видат најновите модели на бурми и накит, лимузина, балони, специјални чоколадни бонбони креирани за свечени моменти, се до украсувања и аранжирање на сала со живо цвеќе, фотографии…. Ќе бидат присутни домашните компании за свадбена кинематографија, „Зага Продукција“ од Битола и „Зебра Продукција“ од Охрид, како и една од најдобрите европски производители на свадбени торти The British Way.
На досегашните саеми се одржаа и преку 30-тина ревии на венчаници и свечени фустани. И оваа година повеќе македонски модни креатори и брендови ќе ги претstават своите најнови венчаници. Ќе може да се погледне и ревија на свветски познатиот бренд Pronovias. На саемот ќе има попусти, а тука се и наградните игри.
Нема коментари