Ова лето, за сите љубители на книгата и пишаниот збор, Рамстор Мол во соработка со издавачките куќи и книжарници организира четиридневен Летен саем на книга. Од 25 до 28 јуни, од 10 до 22 часот, трговскиот центар Рамстор ќе биде место на кое ќе ги најдете сите омилени изданија на книги по одлични намалени цени. Покрај летните саемски цени на омилените книги, во трговскиот ќе се организираат промоции на нови дела од издавачите, средби и дружења со познати автори, читање на извадоци од книги како и детски работилници.
На летниот саем на книга во Рамстор Мол одблизу ќе може да се сретнете со поезијата на Искра Донева, автор на повеќе дела, која својот труд го насочува за собирање на средства за лекување на церебралната парализа. Од четврток до недела ве очекуваме на дружење, читање и забава. Нека започне летото со добра книга.
Нема коментари