Џорџо Армани пронајде инспирација во актерот Рајан Рејнолдс за заштитно лице на новата верзија од својата мирисна линија Armani Code, парфемот наречен Armani Code Absolu. Рејнолдс потпиша догоговор, веќе ја сними рекламната кампања која целосно ќе биде откриена следниот месец, по што ќе следи промоцијата на овој машки парфем.
„Со својот статус на современ самореализиарн машки лик, Рајан Рејнолдс совршено ја отелотворува модерната сензуалност на Armani Code мажот: некој со харизма, автентичност, лежерен стил и вистинската доза на иронија“, вели Џорџо Армани за изборот.
Нема коментари