Шпанската модна куќа Loewe ја прикажа новата колекција за есен-зима 2018/19 на Париската модна недела, еден модел на ранец го привлече вниманието на српскиот моден бренд Ruksag кои обвинуваат дека е копија на нивна креација. Покрај модни парчиња Loewe пласира чанти кои се голем хит на уличната мода, и на Париската модна недела можевме да видиме разни модели на Loewe чанти во рацете на уредничите и инфлуенсерките, па ова е причина повеќе познатиот бренд да внимава во делот на плагијаторство.
Моделот кој е спорен, голем кожен ранец со три џепови и долги ремени, многу потсетува на креацијата на Ruksag, а дизајнерот Марко Церкета се огласи на Фејсбук со пораката: „Loewe, навистина! Одушевен сум што мојата работа беше инспирација за новата колекција на куќата Loewe, но барем можевте да ми испратите благодарница. А користам и телефон и e-mail, друг пат ми можеле и да ме ангажирате“.
Копирањето во модниот свет не е нешто ново. Некогаш е интуитивно размислување на исто креативно ниво, но честопати е безобразен плагијат.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари