Новата капсулна колекција ‘Dreamy Passage’ на Росица Мршиќ претставува пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување. Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето и таа ги враќа романтичните, пријатни чувства, видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера и ја спојува со нови современи изрази изградени преку разиграни, но сепак глатки, фини и софистицирани силуети. Меката и нежна пастелна палета сугерира блажени летни денови и ги дефинира сите изгледи, во спој на форми и цветни дезени, а сите принтови се направени за потреба на колекцијата за да ја претстават сонливата летна атмосфера. Со големо внимание на деталите, сите парчиња од колекцијата се разновидни, ги надминуваат сезоните и се наменети да се носат во текот на денот и за вечерни пригоди.
Со својата склоност за уметност и нејзиниот архитектонски пристап при обликување на силуетите, Росица Мршиќ има прецизно око за создавање новитети во кроевите и е постојан оптимист. Сето тоа сугерира дека нејзиниот клиент е жена со доверба, смела и со истенчен моден вкус.
Ова е 25-та колекција по ред на брендот Росица Мршиќ кој е основан во 2009 година. Брендот изработува безвременски, квалитетни, современи и космополитски модни колекции, кои во основа се базираат на принципите на бавна мода со локално еколошко производство, создава модни парчиња направени само по барање и применува фер трговија. Произведувајќи мали ‘limited-edition’ колекции двапати годишно, секоја колекција е локално произведена и скоро целосно рачно создадена, од вешти изведувачи во дизајн студиото во Скопје. Имплицирајќи стратегија за непотребно трошење и загадување на животната средина, со изработка на облека направена по мерка, секоја облека се создава само откако ќе се нарача.
Колекцијата е веќе промовирана во showroom/от на Иван Асен 22 во Софија, концептуална дизајнерска платформа, а достапна е во студиото на дизајнерката и во бутикот Виа во Скопје.
Фотографии: AniDimi Photography
MUA: Зорица Николова
Нема коментари