Омилениот козметички бренд на Инстаграм Glossier отвори нова постојана продавница во Лос Анџелес која изгледа како вистинско розово царство. Брендот кој стана популарен токму на Инстаграм, се разви од идејата на бјути блогерката Емили Вајс (Into the Gloss), сега веќе е козметичко царство и се смета за еден од најперспективните козметички брендови. Glossier во 2014 година почна да се продава онлајн на блогот на Емили, брзо стана козметика број 1 меѓу милениумците и инфлуенсерите, а почна да се шири и надвор од САД и да го зголемува бројот на земји во кои се врши испорака. Glossier како бјути бренд на дигиталното доба одлучи да отвори и физички, перманентни продавници, првата во Њујорк, втората во Лос Анџелес. Оваа вторава се отвори неодамна и претставува вистинско розово царство. Лоцирана на Мелроуз плејс, Glossier продавницата е комплетно розова, од под до плафон. За украсување употребена е пампас тревата, како и големи огледала на кои се испишани слоганите на брендот. Вљубеничките на брендот најмногу се фотографираат пред огледалото на кое испишана пораката „Изгледаш добро“. Розовиот простор е минималистички, а дел од енериерот во таканаречениот „Glossier кањон“ ја имитира природата – ентериер како создаден за Инстаграм промоција на брендот.
A post shared by Glossier (@glossier) on
Never been to antelope canyon but Glossier Canyon was pretty #glossier #pinkeverything #glossiercanyon A post shared by Miki Ishiwata (@mikimon1118) on
Two Patricias♀️ @patverona Missing college life and @dlsubms days✨ have a safe trip back home!! A post shared by Patricia Gonzales Razon (@chinrazon) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари