Модните вљубенички и блогерките не можат да оддолеат на оваа бомбер јакна од свилен сатен и во пудресто розова боја од колекцијата на шпанскиот бренд Mango, која е истовремено впечатлива, но и нежна поради бојата. Бомбер-јакните се хит во последниве две-три сезони, како во колекциите на луксузните модни куќи, така и кај high-street брендовите како Mango. Позитивно е што може да се комбинираат со џинс и полежерни стилови, но и со поженствени парчиња како фустани и трендовски килот-панталони. Јакната е малку волуменозна и пуфнеста, со црна постава и подолга должина, што на некои блогерки особено им се допаѓа. Тие ја вметнуваат во својот стил на разни начини, во монохроматски комбинации или со шарени парчиња, со патики или со чизмички до глужд. Иако до пред некое време овој тип на јакни повеќе одговараше на спортски стилови, модерниот начин дозволува носење и во спој со поелегантни парчиња облека и дизајнерски чанти.
Нема коментари