Уредништвото на магазинот W не верува во кралска крв по раѓање, туку аристократскиот статус се добива со труд, работа и успех во своето поле на делување. За нив кралски статус значи креативност, величественост и оригиналност. Оттаму тие го објавија новото „кралско издание“ како тема на октомврискиот број во кој избраа повеќе успешни личности од светот на филмот, телевизијата, модата, музиката и општеството. Во класата 2016 тие вметнаа повеќе од 20 личности, меѓу кои се Џоди Фостер, Хали Бери, Крис Еванс, Ел Фенинг, Ирина Шајк, Пријанка Чопра, а повеќе од нив добија и своја верзија на насловна страница. Во исто време W Magazine за прват бројот го посветува рамноправно на женската и на машката мода. Фотографиите ги направи Марио Соренти, а стајлингот е на Едвард Енингфул.
Нема коментари