Кога Жана Дама, парижанката која се смета за стилска икона и модна инфлуенсерка, пред две години го лансира својот бренд Rouje, желба ѝ беше да понуди колекции во кои е вкоренет нејзниот личен стил – љубовта за винтиџ детали и цветни фустани кои се реминисценција на оние што ги носела мајка ѝ кога ја исраќала на училиште. „Сакав да ја креирам мојата идеална гардероба и да ги споделам моите инспирации преку парчињата што сакам да ги носам секој ден. Секоја колекција е многу лична за мене и директно го одразува мојот животен стил“, вели Дама за концептот на својот бренд кој станува сè популарен. Последната колекција на Rouje за есен 2018 повторно се однесува на францускиот шик изглед, но со доза на лондонски шарм. Нарeчена е „Париз-Лондон“ и е фотографирана на улиците на Лондон. Дама предлага нови верзии на моделот Gabine – фустан на преклоп, меки мохар џемпери, задолжителни фармерки, мини фустани во стилот на 70-тите, бундичка од вештачко крзно, цветен и животински дезен и други модели во ретро расположение.
Нема коментари