Електро-поп пејачката Рошин Марфи промовира нов спот за нумерата In Sintesi. Некогашната членка на славното дуо „Молоко”, која гради успешна соло-кариера, по неколкугодишна пауза се враќа на сцената со нов материјал. Таа направи психоделичен ремикс на нумерата која ја изведува на италијански јазик. Пред неколку месеци објави дека планира да издаде два мини-албума, кои ги најави со повратничкиот сингл Leviathan, снимен во соработка со Freeform Five.
Музичарката, која имавме можност двапати да ја погледнеме во живо во Скопје, еднаш со својот поранешен бенд, и друпат како соло-изведувачка, е позната со своите впечатливите сценски настапи и по својот уникатен моден стил. Марфи, која важи за една од најдобро облечени музичарки, ја променила својата препознатлива боб-фризура, потстрижувајќи се кусо, во стилот на 60-тите. Видеоспотот е направен со кадри од италијанскиот филм „Големата убавина“, кој годинава доби „ Оскар“ за најдобро остварување од неанглиско подрачје.
Нема коментари