Некогашната членка на славното електро-дуо „Молоко”, Рошин Марфи, која гради успешна соло-кариера, по неколкугодишна пауза се враќа на сцената. Музичарката, која имавме можност двапати да ја погледнеме во живо во Скопје, еднаш со својот поранешен бенд, и друпат како соло-изведувачка, наскоро ќе објави два мини-албума. Таа деновиве го пушти во етерот повратничкиот сингл Leviathan, снимен во соработка со Freeform Five. Првото мини-издание Mi Senti ќе бидеобјавен во мај , а за вториот, кој ќе биде во хаус стил , сè уште нема конкретна дата.
-Доволно долго бев мрзелива, родив две деца, но одеднаш почна на ум да ми паѓаат одлични идеи-изјави пејачката која не ја исклучува можноста за повторно обединување на „Молоко“.
Во својата соло кариера таа сними два успешни албума, Ruby Blue (2005) и Overpowered (2007).
Рошин Марфи, покрај осличните вокални способности и впечатливите сценски настапи, препознатлива е и по својот одличен моден стил. Со години важеше за една од најдобро облечената пејачка, со стајлинзи кои иако беа необични, не шокираа, туку инспирираа нови модни трендови. Таа беше миленичка на многу модни креатори, често седеше во првите редови од модните ревии, а можевме да ја видиме и како насташува за време на модните шоуа, како случајот со презентацијата на Виктор & Ролф во Париз во 2009 година. Еве погледнете зошто го обожаваме оригиналниот стил на Рошин Марфи.
Нема коментари