Дизајнерките Росица Мршиќ и Мила Кадриу, како специјални гости од Моден викенд-Скопје, ќе одржат ревии во регионот. Мршиќ на 24 април ќе учествува на Српската модна недела во Нови Сад, а Кадриу ќе се претстави на модна манифестација во Приштина.
Модната недела во Србија (Srbia Fashion Week) ќе се одржуви од 22 до 26 април. Организаторите од Србија за ова издание најавуваат гостување на повеќе светски имиња меѓу кои и познатиот Ејмерик Франсоа кој ќе биде во улога на официјален бекстејџ координатор и предавање на Доналд Потард, поранешен генерален директор на модната куќа Jean Paul Gaultier и советник на Paco Rabanne, Kenzo Takada, Chantal Thomass, Vivienne Westwood, Alexander McQueen, Donna Karan и други.
Mcouture by Mila Kadriu ќе биде дел од Prishtina Fashion Night на 18 април, вечер во која ќе бидат прикажани модели на повеќе дизајнерски имиња и брендови. Од таму најавуват гостување и на директорите на пет модни недели од различни земји. Покрај манекенките од Албанија и Германија ќе бидат ангажирани и манекенките од модната агенција „Подиум“ од Скопје.
Нема коментари