Модната дизајнерка Росица Мршиќ на почетокот од годината потпиша договор со АVON Македонија со кој стана нов и ексклузивен советник за убавина на оваа козметичка компанија. Во следниве шест месеци името и потписот на успешната дизајнерка ќе можат да се најдат во брошурите на AVON. Односно во овој период стручните препораки на Росица Мршиќ за одбрани парчиња модни додатоци од портфолиото на AVON ќе бидат застапени во печатените и електронски изданија на компанијата, при што модната дизајнерка ќе ги советува потрошувачите на AVON за последните трендови и тековните сезони.
-Јас сум одбрана да бидам консултант за убавина за производите на АVON во наредниот период од шест месеци. Оваа соработка се однесува на приближување на модните производите и производите за убавина, преку препораки, до секој корисник на АVON. Од овие препораки се очекува да го опишат производот и дадат личен совет за нивната употреба, намена, можност за модно толкување – вели Росица Мршиќ.
Компанијата AVON редовно соработува со светски познати лица од музичката и филмската област за поатрактивно промовирање на своите производи, па вклучувањето на домашни личности за нивни советници за убавина за Росица претставува одличен гест на почитување на локалната средината.
-Соработката со АVON Македонија е одлична можност на поврзување на домашните дизајнери со една толку значајна интернационална компанија за убавина. Важноста на овие соработки претставува поттик и поткревање на перцепцијата за локалниот дизајн, потврдувајќи го значењето на локалната сцена во која АVON Македонија работи – додава модната дизајнерка.
Соработката со Росица Мршиќ пред поголема публика за прв пат беше обелоденета на интерната конференција на AVON – Back to Work, каде Росица се претстави со своја ревија, а во наредните два квартали се очекува оваа соработка да се продлабочува на уште повеќе нивоа. Инаку, во последниот квартал од 2013 година AVON Македонија соработуваше со модната дизајнерка Антонија Ристовска, а од компанијата велат дека овој тренд на соработување со истакнати јавни личности ќе продолжи и во иднина, со цел уште поголемо зацврстување на брендот и поголема препознатливост на пазарот.
Нема коментари