@fern_style
Дизајнерката Росица Мршиќ дизајнираше нова, ‘limited edition’ линија на впечатливи модни марами со авторски принт за претстојната сезона. Овие модни додатоци ја одразуваат и нагласуваат женственоста преку современиот и уметнички потпис на дизајнерката, и се можност пошироката модна публика да ужива во носењето на дизајнерско модно парче со чувство на посебност заради ексклузивноста и автентичноста на производите.
Новата линија марами ја надополнува понудата на модни парчиња на ROSICA MRSIK брендот кој постојано воведува новитети на модниот пазар и работи на создавање свежа естетика. Дизајнерските марами од оваа линија го надополнуваат и освежуваат индивидуалниот изглед, што ги прави оригинален додаток за секоја пригода и идеален подарок за секоја жена.
Фотографии: AniDimi Photography
Нема коментари