Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција “Dreamy passage” на “Festivalul de Moda” во Крајова, Романија. На 16-тото издание на модниот фестивал, дизајнерската беше поканета како специјален интернационален гостин на настанот од Македонија. Секоја година организаторите канат по еден интернационален гостин дизајнер претставник на различна земја, а до сега на фестивалот учествувале реномирани дизајнерски имиња како: Agatha Ruiz de la Prada, Christophe Guillarme, Kim Bernardin, Ksenija Vrbanic, Rianne de Witte, Louis de Gama, Tata Christiane, Susana Bettencourt…
Брендот Росица Мршиќ е основан во 2009 годината, и досега бил присутен на разни модни настани и во концептуални бутици локално и интернационално како: Њу Јорк, Софија, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Дубаи, Белград, Љубљана, како и изложен во познатата американска стоковна куќа “Macy’s” во Њу Јорк. Дизајнерката е наградувана со неколку модни награди до сега: ‘Wearable Art’ во модниот дизајн за модна колекција пролет-лето 2019 на BIG SEE Festival, во Љубљана, Словенија, најдобра модна колекција во рамки на Моден Викенд Скопје 2013, и награди за најдобра колекција и ‘Dress of the 21st Century’ во Бугарија и Амстердам, Холандија.
Нема коментари