Џемперите со карнери потсетуваат на периодот на романтизмот и претставуваат нова модна опсесија на трендсетерките и модните блогерки. Ова парче облека е одличен избор кога не сакате да се згреете со едноличните топли џемпери, туку да покажете стил и став и на најниските температури. Карнерите на овие хит џемпери ги има скоро на секое место – на ракавите, околу вратот, поставени во предниот дел дијагонално или во облик на буквата V, а може да бидат големи и драматични или помали и поделикатни. Најчесто ги има во нежни и светли бои, како пастелно розова и сина, бела и сива боја. Од другата страна на спектарот среќаваме џемпери во црна боја. Со своите карнери додаваат романтичност и женственост на темната зимска облека, а се продолжување на трендот на карнери на различни парчиња што трае некое време, а ќе го видиме и во пролетните колекции.
Овие впечатливи џемпери се комбинираат на различен начин, а модните блгерки најчесто ги носат со фармерки или темни кожени панталони, со мини здолништа и чизми над колекна, а поради драматичноста на карнерите, остатокот од стајлингот е минималистички, со чанта која не одзема многу внимание, едноставни обувки, поделикатен накит и темни очила за сонце.
Нема коментари