Со Rollerwheel Liquid Liner повторно го измисливме тркалото!
Rollerwheel Liquid Liner е ајлајнер со револуционерен апликатор во форма на диск кој за време на ротацијата апсорбира совршена количина на производот и обезбедува континуирана, изедначена и мазна апликација на бојата.
Без разлика дали сакате тенкa или дебелa, дефиниранa, извиткана или смела геометриска линија, препуштете апликаторот да исцрта за вас. Завртете го тркалото на Rollerwheel Liquid Liner!
Овој течен ајлајнер што MAC го претстави на почетокот на годината и го промовира на ревии на Њујоркашката модна недела, во август пристигнува во неодамна отворената продавница на MAC Cosmetics во „Скопје Сити Мол“. Ќе чини 1.413 денари и ќе биде достапен во црна и кафена боја.
Нема коментари