Под сако, мантил, кожена јакна или палто, ролката одлично се вклопува во машката зимска гардероба, и тоа подеднакво добро во елегантни, кежуал или урбани комбинации. Ролката никогаш нема да излезе од мода, како кај жените така и кај мажите, и претставува важен дел од слоевитото облекување во ладните месеци. Се вклопува во различни стилови и со соодветен стајлинг одговара на секоја возраст. Преовладуваат ролките во црна и сива боја, но се носат оние во бордо и кафени нијанси. Ни се допаѓа начинот на кој машката ѕвезда на уличната мода Ричард Бајдул ги комбинира ролките, а ова парче облека често го носат Дејвид Бекам и Јоханес Хуебл.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари