Класика во нашите гардеробери во зимските месеци, ролките се базата на облекувањето во овој период и она модно парче кое што може да се комбинира на различен начин. Совршена стилска пција е затоа што го заштитува вратот од студот и ветерот, може да се носи самостојно или под други парчиња облека, а се вклопува скоро во секаков стил, од лежерен до вечерен. Периодов најчето ги носиме потенките ролки, оние подебелите и плетените се добар избор за постудените и снежните зимски денови.
Препорака наша е да набавите ролка во неутрална боја – црна, бела, сива, и да ја комбинирате со фармерки и сако, со здолништа со принт и панталони со линии, под кошули, цветни фустани или подебели џемпери. Ролката може да се носи и на работа, на викенд прошетки или која било пригода во која што сакате да ја облечете. Како и да ја искомбинирате нема да изгуби од стилот и успешно ќе се вклопи во вашиот личен стил.
Нема коментари