Овие две класични модни парчиња во женската гардероба, ролката и кошулата, можат да се носат и на работа, а кога ќе се спојат прават практична и малку поинаква модна комбинација што ги задоволува правилата на деловното облекување. Кошулата е неизоставен дел од бизнис изгледот, а ролката мошне практична во зима, а заедно прават одличен и по малку неочекуван деловен аутфит.
Комбинацијата од ролка облечена под кошула дополнително се стилизира со молив-здолниште или елегантни темни панталони. Ако сакате да оставите поголем впечаток, може да изберете долго здолниште со отвор или пак да облечете ролка под кошула-фустан.
Нема коментари