Познатата актерка Ванеса Редгрејв, нејзината ќерка Џоели Ричардсон и внуката Дејзи Беван снимија видео за новата колекција на дизајнерката Роксанда Илинчиќ. Наречено „Петок во февруари“, видеото е снимено со iPhone и ја доловува убавината на едноставните, споделени моменти и прекрасната нова колекција.
Во видеото Ванеса го рецитира Шекспировиот сонет 73, амбиентот е преполн со сонлива, опуштена атмосфера, а трите генерации актрерки од ова семејство се трудат да пренесат пораки за љубовта и семејните вредности, пријателството и хуманоста. Покрај видеото, дизајнерката Роксанда претстави и lookbook фотографии за колекцијата за есен-зима 2021/22.
View this post on Instagram
Нема коментари