Новата епска авантура од серијалот „Војна на ѕвездите“ нa „Лукас филм“, наречена Rogue One: A Star Wars Story, од вчера вечер се прикажува во скопските кина „Милениум“ и „Синеплекс“. Во ерата на судири, група не очекувани јунаци се здружува во мисија на која мора да ги украдат нацртите за Ѕвездата на смртта, најмоќното разорно оружје на Царството. Клучниот настан во хронологијата на Војна на ѕвездите собира обични луѓе што одлучуваат да прават исклучителни нешта, а притоа стануваат дел од нешто поголемо од нив самите.Во „Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите“ , кој е во режија на Герет Едвардс, улогите ги толкуваат Фелисити Џонс, Медс Микелсен, Алан Тадик, Бен Менделсон и други.
Нема коментари