Годинава ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1 септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.
Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.
Со почеток од 17 часот забавата почнува со „Златно славејче“, детската театарска претстава на „Неверленд“ -„Волшебникот од Оз“, а тука ќе бидат и маскотите на „Дизни“.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци-електричен мотор, фамилијарно патување со „Фибула“ и едногодишна стипендија по ментална аритметика во „Малац Генијалац“. Подароци и изненадувања подготвија и останатите пријатели на зоолошката.
До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат потенцијалени добитници на некој од подароците. Сè што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.
Извлекувањето ќе биде во живо, на 1 септември, во склоп на големата роденденската забава.
Нема коментари